Tuesday, 22 November 2011 11:44 Фудбал

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон е свесен дека Бенфика ќе се обиде да триумфира на Олд Трафорд но очекува неговиот тим да продолжи со победничката серија.


’Црвените Ѓаволи’ имаат пет победи во низа, а додатно тие немаат примено погодок на овие натпревари.

Пред тимот на Сер Алекс сега е дуелот со Бенфика, екипа со која го делат првото место во Групата Ц.

Шкотот знае дека гостинот од Португалија ќе се обиде да обезбеди победа на Олд Трафорд, но очекува тие да продолжат со добрата серија.

“Ова ќе биде голем натпревар.” – рече Сер Алекс на прес-конференцијата. “Мораме да признаеме дка ова е прав натпревар од Европа, со оглед на историјата помеѓу нас и Бенфика.”

“Во минатото имаше неколку интересни меѓусебни дуели.”

“На првиот натпревар (на Естадио да Луз), мислам дека одигравме добро, го имавме поседот на топката, и го заслуживме резултатот (1-1).”

“Но морам да признам дека во последните 15 минути тие извршија притисок и имаа неколку шанси.”

“Возвратниот дуел би требало да биде отворен натпревар, двете екипи ќе сакаат да победат, но се надевам дека ние ќе можеме да го обезбедиме правиот резултат.”

По дебакалот (од 1-6) во градското дерби со Манчестер Сити, избраниците на Сер Алекс сврзаа пет победи во сите натпреварувања и стратегот е задоволен од одговорот.

“Победивме на пет натпревари во низа, па тоа покажува дека тимот е во одлична форма.”

“Играме добар фудбал, и што е најважно, ги контролираме натпреварите.”

“Успеваме да ја сочуваме мрежата на пет натпревари благодарејќи на тимскиот напор. Потребно е сите да работата напорно и кога топката е во наш посед и кога е во посед на противникот. Токму тоа се случува во последно време.”

“Задоволен сум од начинот на кој одговори тимот.”

Вејн Руни го пропушти вчерашниот тренинг но Сер Алекс очекува напаѓачот да биде фит за дуелот со Бенфика.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...