ТОП ВИДЕО |
Saturday, 19 November 2011 11:26
Фудбал
Манчестер Сити денеска го објави финансискиот извештај за сезоната 2010/2011 и клубот соопшти - очекувана - загуба од 194,9 милиони фунти.
Ова е рекордна загуба, во една финансиска година, во англискиот фудбал, и само покажува колку големи инвестиции направил Шеикот Мансур за да го трансформира Манчестер Сити од просечен клуб во 2008, до лидер на табелата во Премиерлигата во овој момент. И покрај тоа што ’Граѓаните’ за сезоната 2010/2011 прикажаа загуба од 194,9 милиони фунти, управата на клубоt не е загрижена и ваквите бројки биле очекувани поради стратегијата за забрзано вложување. Во финансискиот извештај, Сити објави нето загуба од 160,5 милиони фунти како и ’додатни вонредни расходи’ од 34,4 милиони фунти. ’Граѓаните’ имаат среќа што сеуште не се применува финансискиот фер-плеј на УЕФА, па нивното место во Европа не е загрозено. Сепак, се очекува идните финансиски извештаи да бидат далеку подобри со оглед на тоа дека неодамна беше потпишан мега договор со авиокомпанијата Етихад, за кого се пишуваше дека е вреден 35 милиони фунти по сезона а клубот ќе заработи и неколку десетици милиони од настапот во Лигата на Шампионите. Од таборот на Сити исто така потенцираат дека комерцијалниот приход се зголемил за 49,7% а исто така се зголемил и приходот од ТВ правата за 27,4%. Вкупниот приход е 153,2 милиони фунти, и за прв пат ја надмина границата од 150 милиони. Powered by: 24 FUDBAL.com.mk |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















