ВИЦ
Си бил некој хакер. ТОП ВИДЕО |
Thursday, 17 November 2011 08:22
Фудбал
Фудбалската Асоцијација на Англија, покрена обвинение кон Луис Сауарез од Ливерпул за расистички навреди кон Патрис Евра од Манчестер Јунајтед.
Патрис Евра, по финишот на средбата помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед што се одигра на 15. октомври, се пожали дека бил расистички навреден од Луис Суарез. Тогаш, левиот бек обвини дека напаѓачот на Ливерпул десетина пати изговорил одреден навредлив збор, но Уругваецот категорично го негираше тоа. Фудбалската Асоцијација на Англија потоа започна истрага и попладнево фудбалските власти соопштија дека е покренато обвинение кон Луис Суарез. Соопштението на ФА гласеше: “ФА денеска покрена обвинение кон Луис Суараз по инцидентот кој се случи за време на средбата помеѓу Луверпул и Манчестер Јунајтед, натпревар кој се одигра на Енфилд на 15. октомври 2011.” “Наводно, Луис Суараз користел навредлив и/или погрдни зборови кон Патрис Евра од Манчестер Јунајтед.” “Додатно, зборовите биле насочени кон етничкото потекло и/или бојата и/или расата на Патрис Евра.” Ливерпул исто така се огласи по ваквата одлука на ФА и тимот од Енфилд ќе разговара со фудбалерот откако тој ќе се врати во Мерсисајд по репрезентативната должност. Но ’Црвените’ се убедени дека Луис Суарез ќе го отфрли обвинувањето. “Попладнево, клубот доби известување од Фудбалската Асоцијација за нивната одлука да се покрене обвинение кон Луис Суараз и ќе ни биде потребно време за соодветно да ги разгледаме документите кои ни се испратени.” – гласеше соопштението на Ливерпул. “Ќе разговараме на оваа тема со него, кога тој ќе се врати од репрезентативна должност, но тој ќе се произнесе како невин по обвинувањата и очекуваме да побара лично сослушување.” “Луис одлучно посакува да го исчисти своето име по обвинувањата од страна на Патрис Евра. Клубот му дава целосна поддршка на Луис Суарез во целата оваа ситуација.” Powered by: 24 FUDBAL.com.mk |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















