Tuesday, 15 November 2011 12:00 Фудбал

Останато | Сигурна победа на ЕЛЕМ над БекСтејџ, Борис Трајковски подобар од Македонска Пошта, Систина убедлива против ПроКредит Банка...


BackStage – ЕЛЕМ 5 – 9 (2 – 3 пол.)
 
Таневски 3′, Божиновски 18′, Трајковски 25′, Димчевски 35’36′ – Стефановски 10′, Петровски 13’30’32’39’40′, Тасев 20’29’39′
 
Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на BackStage и ЕЛЕМ кое го доби екипата на ЕЛЕМ минимално со 3 – 2. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ со неколку прецизни удари кон противничкиот гол, резултатски се одвои со 3 гола разлика за да набрзо екипата на BackStage со 2 гола еде по друг, резултатски се врати во игра. Но сепак со неколку одлични потези, играчите на ЕЛЕМ го сведоа мирно овој натпревар и го добија во своја корист за да ја продолжат победничката серија од 3 последователни победи. Играч на натпреварот – Петровски од екипата на ЕЛЕМ со 5 постигнати погодоци.
 
Борис Трајковски – Македонска Пошта 9 – 4 (2 – 3 пол.)
 
Кратовалиев 13’25’40′, Аџиевски 18′, Симев 21′,Стојановски 26’29′, Саздов 38, Димитровски 40′  - Дарлишта 6’10’18′, Ибраими 28′
 
Екипите на Борис Трајковски и Македонска Пошта одиграа натпревар кој изобилуваше со многу атрактивни потези. Екипта на Македонска Пошта прва дојде во водство кое што го одржуваше до крајот на првото полувреме. Во второто полувреме екипата на Борис Трајковски со постојан притисок кон противничкиот гол успеа да го израмни резултатот и да направи резултатски пресврт, кое што потоа го зголемуваше до крајот на натпреварот за конечни 9 – 4. За играч на натпреварот е прогласен Кратовалиев од екипата на Борис Трајковски со постигнат хет трик.
 
Систина – ProCredit Bank 9 – 2 (5 – 0 пол.)
 
Јаневски 2’19’25’31’40′, Петровски 6′, Спасовски 9′, Боневски 16’34′ – Велковски 29′, Темелкоски 36′
 
Натпревар во кој уште од самиот почеток доминираше само една екипа, тоа беше екипата на Систина. Првото полувреме го добија со убедливи 5 – 0. На отворањето на вториот дел, екипата на ProCredit Bank постигна погодок и со пресинг кон противничкиот гол проба да се врати во игра, но сепак со воиграни и брзи контра напади, екипата на Систина тоа го искористи и само го зголемуваше водството, па натпреварот го заврши во своја полза од 9 – 2. Играч на натпреварот – Јаневски од екипата на Систина со 5 постигнати погодоци.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...