Monday, 14 November 2011 10:39 Фудбал

Македонскиот најдобар фудбалер, Горан Пандев одговори на критиките на фудбалската јавност во нашата земја...


По само два дена откако поради повреда беше ослободен од репрезентативните обврски, Горан Пандев даде два гола на пријателски натпревар за Наполи, нешто што наиде на бурни реакции во македонските медиуми.
 
Горан Пандев беше посочен како "предавник" фудбалер кој избегнува да игра за репрезентацијата, а игра за клубот.
 
Пандев преку соопштение на страницата на ФФМ одговори на критиките:
 
"Во врска со последните написи во дел од медиумите кои очигледно се пристрасни и со цел да внесат немир кај мене, како капитен и во националниот тим во целост би сакал во оваа прилика да им порачам да го остават Горан Пандев на мира и да не ја рушат атмосферата која се враќа во репрезентацијата по слабите квалификациски резултати со доаѓањето на селекторот Тошак на кормилото" - вели Пандев за официјалната страна на ФФМ.
 
"Тие исти „душегрижници" ги повикувам да помогнат , а не само да внесуваат негативна атмосфера во националниот тим".
 
"Јас сум веќе 50 дена повреден па доаѓам и се јавувам во репрезентацијата на повик на селекторот оставајќи дома бремена сопруга која требаше во секој момент да се породи...".
 
"Сигурно јас многу повеќе сум направил за Македонија отколку некои што се преокупирани само со Пандев и Пандев и пак Пандев, ама тие луѓе не можат ништо да ми одземат од тоа што сум го постигнал во мојата кариера и што сум дал за репрезентацијата...".
 
"Камо да беа сите „предавници" како Горан Пандев ќе беше многу подобро...".
 
Во меѓувреме Пандев по втор пат стана татко, по малиот Филипо, Горан сега има ќеркичка.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...