Thursday, 10 November 2011 10:45 Фудбал

Шпанскиот напаѓач, Фернандо Торес вели дека потешко му оди прилагодувањето во Челзи откако што тоа било случај во Ливерпул.


Фернандо Торес кој за 50 милиони фунти премина од Ливерпул во Челзи, сеуште не може комплетно да се прилагоди на новата средина и прикажува перформанси под своите можности.
 
27-годишниот фудбалер е задоволен од престојот во Челзи, но потврдува дека прилагодувањето му оди потешко во големиот Лондон.
 
"Ливерпул и Челзи никогаш не биле слични, ниту во минатото, ниту во сегашноста. Мојот процес на адаптација е комплетно различен" - изјави Торес за Esquire Espana.
 
"Челзи е во Лондон, огромен град. Дојдов од Мадрид, исто така голем Европски главен град, но ова е повеќе од се, и во однос на позитивни и во однос на негативни работи".
 
"Тешко ми е да се адаптирам тука споредено со доаѓањето во Ливерпул, тоа е покомфорно место за живеење, помало, каде што имав шпански соиграчи".
 
"На крајот, најважно е да се организирате себе си колку што е можно побрзо. Тоа го правам".
 
Во изминатата година кога ќе се спомне Торес, често се зборува и за сумата која ја плати Челзи, 50 милиони фунти.
 
"Тоа е само бројка. Единствената работа која ја знам е дека не можете да одбиете можност каква што Челзи ми понуди мене. Најважна е довербата која тие ја имаат во мене".
 
"Ливерпул тргна надолу. Лично, верувам дека заминувањето на Чаби Алонсо во Мадрид беше јасна порака дека нешто се менува".
 
"Јас имав амбиција да напредувам и Челзи можеше да ми понуди нешто што секој фудбалер го посакува: титули".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...