Wednesday, 09 November 2011 10:21 Фудбал

Поранешниот генерален директор на Јувентус, Лучијано Моџи доби затворска казна од пет години и четири месеци поради спортска измама и инволвираност во Калчополи...


Денеска судот во Неапол ги соопшти казните во цивилниот процес кој се водеше против лицата инволвирани во Калчополи скандалот од 2006.

Вечерва, околу 8 часот, судијката Тереза Касорија ги прочита казните, а најлошо помина поранешниот генерален директор на Јувентус, Лучијано Моџи, кој е осуден на затворска казна од 5 години и четири месеци.

Поранешните комесари за делегирање на судии, Паоло Бергамо и Пиерлуиџи Паирето се осудени на 3 години и осум месеци, односно на 1 година и единаесет месеци.

Екс-судијата Масимо Де Сантис исто така е прогласен за виновен и доби казна затвор од 1 година и 11 месеци.

Затворска казна од 1 година и три месеци добија и сопствениците на Фиорентина, Андреа Дела Вале и Диего Дела Вале како и сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито.

Судот во следните 90 дена ќе ги објави причините за донесените пресуди, а адвокатскиот тим на Моџи веќе најави дека тие ќе поднесат жалба.

И покрај ваквите пресуди, ниту едно од инволвираните лица нема да замине ’зад решетки’ бидејќи ова е само прв степен од правниот систем и ќе бидат поднесени жалби на уште неколку повисоки нивоа.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...