Friday, 04 November 2011 10:14 Фудбал

Кристијано Роналдо вели дека не очекувал толку брзо да постигне 100 погодоци во дресот на Реал Мадрид...


На средбата со Лион, CR7 во два наврати се запиша во листата на стрелци со што стигна до бројката од 100 погодоци во дресот на Реал Мадрид, подвиг за кој му беа потребни само 105 натпревари.

“Многу сум среќен поради двата погодоци постигнати против Лион.” – рече Роналдо. “Сите се специјални, особено кога ќе помогнат тимот да победи.”

“Не очекував дека толку брзо ќе стигнам до бројката од 100 погодоци. Оваа прилика ја користам да им се заблагодарам на соиграчите и тренерот, кој ми дава шанса да играм и да пораснам како фудбалер и личност.”

Во Шпанија има мали несогласувања околу тоа колку погодоци има Кристијано Роналдо.

Според весникот Marca, кој го доделува Пичичи трофејот за најдобар стрелец во Ла Лига, португалскиот репрезентативец има 101 погодок.

Marca му го препишува на Роналдо и погодокот од минатата сезона на гостувањето кај Реал Сосиедат кога CR7 биеше од слободен удар а топката најпрво удри во Пепе а потоа заврши во мрежата.

Но според фудбалските власти, тој погодок му е препишан на Пепе, не на Кристијано Роналдо.

“Не е важно дали имам 100 или 101 погодок.”  - продолжи фудбалерот. “Беше важно да се победи и да се квалификуваме во нок-аут фазата. Успеавме во тоа и сега сме посмирени. Од четири средби имаме четири победи, перфектно.”

Запрашан за формата на Реал, Роналдо рече: “Во моментов поминуваме низ еден убав период, играме добро и победите зборуваат само за себе. Имаме добра серија, позрели сме и самодовербата расте. Сакаме да играме добро.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...