Tuesday, 01 November 2011 14:48 Фудбал

Англија | Роберто Манчини е подготвен да го врати Карлос Тевез во составот доколку Аргентинецот се извини за инцидентот што го направи на средбата со Баерн Минхен...


По средбата помеѓу Баерн Минхен и Манчестер Сити што во септември се одигра на Алианц Арената, Роберто Манчини обвини дека Карлос Тевез одбил да влезе во игра.
 
’Граѓаните’ започнаа дисциплинска постапка против напаѓачот но на крајот беше утврдено дека Тевез само одбил да се загрее.
 
Поради прекршување на пет точки од договорот, Сити го казни аргентинскиот интернационалец со четири неделни плати но подоцна на барање на Асоцијацијата на Професионални Фудбалери, казната беше намалена на две плати.
 
Во прв момент Роберто Манчини истакна дека Карлос Тевез повеќе нема да заигра за Манчестер Сити се додека тој е на тренерското столче на Етихад Стадионот но очигледно стратегот сега се предомислува.
 
Манчини е подготвен да му даде на Тевез нова шанса но напаѓачот најпрво треба да се извини приватно и јавно за инцидентот што настана во Минхен.
 
За Correire della Sera Манчини рече: “Се зависи од Карлос. Доколку тој му се извини на составот и на мене, тогаш се ќе биде како што беше претходно.”
 
“Доколку не се извини, Тевез има одредена вредност која сите ја знаат и нешто ќе се случи во јануари. Тој добива лоши совети.”
 
“Не сакам ситуацијата да биде ваква и ќе бидам првиот кој ќе му прости.”
 
Манчини исто така негираше дека Тевез ќе биде понуден на Наполи во замена за неговиот сонародник Езикел Лавеци.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...