Monday, 31 October 2011 12:57 Фудбал

Интернационалецот од Белгија, Еден Азар вели дека е подготвен да заигра за голем клуб и најави дека ќе замине од Лил по крајот на сезоната...


20 годишниот плејмејкер подолго време е следен од гигантите ширум Европа и во интервју за L’Equipe тој призна дека ова е негова последна сезона во дресот на Лил.

Се шпекулира дека ПСЖ е подготвен да плати оштета од 50 милиони евра за да стигне до услугуте на Еден Азар но репрезентативецот на Белгија вели дека нема да се пресели во друг клуб од Франција кога ќе замине од Лил.

“Париз не е за мене” – рече Еден Азар. “Париз е магичен, како што велат тие. Секако дека ме привлекува.”

“Но во овој момент тоа не е опција за мене. Во Франција, не сакам да се преселам во ривал на Лил. На тој начин би ги предал нашите фанови.”

Плејмејкерот потоа додаде: “Подготвен сум за следното ниво и да заиграм за голем клуб. Оваа година останав во Лил бидејќи сеуште требаше да поработам на некои аспекти од мојата игра, да се подобрам. Но сега сум подготвен.”

“Нема да заминам во јануари, тоа би било глупаво. Но ова е мојата последна сезона во Лил.”

Запрашан дали се гледа како иден освојувач на ’Златната Топка’ Азар додаде: “Мислам дека во следните пет или шест години Меси ќе ја освојува оваа награда.”

“Јас сеуште сум далеку од нивото потребно за ’Златната Топка’.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...