Wednesday, 26 October 2011 14:52 Фудбал

Останато | Камерунскиот репрезентативец во интервју за CNN проговори за причините поради кои заминал во Русија но и дека високата плата само покажува колку тој навистина вреди...


„Скромниот“  Самуел Ето беше вистинска сензација откако реши да го напушти Интер за да се пресели во рускиот Анжи.
 
За трансфер вреден 25 милиони евра и годишна плата од 20 милиони евра, Самуел Ето без размислување ја прифати великодушната понуда на Русите и со тоа ги разочара навивачите.
 
„Не ми е гајле што мислат луѓето за мене. Мислам дека сите ние сакаме да работиме и да бидеме платени според нашите вредности. Анжи достави понуда за моите квалитети, висока онолку колку што сметаат дека вредам. “
 
„Но да бидам искрен, пред една година не ни помислував дека ќе бидам овде. Но кога се појави понудата размислував и сфатив дека така ќе биде најдобро за мене, мојата кариера и семејство. “
 
Последните информации говорат дека Анжи Махачкала сега размислува за доведување и на Фабио Капело како тренер но и Робин ван Перси за кои Ето смета дека е само прашање на време кога фудбалската елита ќе се собере во пребогатиот руски клуб.
 
„Мило ми е што се’ повеќе играчи размислуваат да дојдат овде. Голем дел од нив се важни фудбалери а нивните имиња се поврзуваат со овој клуб. Анжи има предиспозиции да ги привлече ѕвездите.“

„ Морам да признаам дека речиси секој ден добивам порака од некој играч кој ме прашува дали има можност  тој да дојде овде затоа што овде е фудбалската иднина“- објасни 30-годишниот Камерунец.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...