ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 25 October 2011 10:41
Фудбал
Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола предупредува дека екипата на Гранада може да им создаде големи проблеми па бара од своите фудбалери да не го потценат противникот.
Три дена по ремито без погодоци на Камп Ноу против Севиља, актуелниот шампион на Шпанија гостува кај новајлијата Гранада. Ова е прв дуел помеѓу овие две екипи по пауза од 35 години и Пеп Гвардиола ги предупредува своите фудбалери да не го потценат својот противник бидејќи се работи за квалитетен состав. “Се работи за храбра екипа, која е подготвена да превземе ризик и игра динамично.” – рече Пеп Гвардиола за вечерашниот противник на Барселона. “Голем дел од лошите резултати на Гранада воопшто не беа заслужени.” Стратегот на Каталонците потоа додаде: “Мислиме дека оваа средба ќе биде различна од онаа што ја одигравме со Севиља. Ова ќе биде добар тест за нас.” “Вложивме голем напор во краток временски период па ќе треба да видиме како ќе одговориме.” “Доколку одговориме исто како што одговаравме по секое реми или пораз, ќе нема проблем. Сеуште има многу до крајот на шампионатот, на дофат се 90 бода.” Гвардиола исто така вели дека не е загрижен поради честото отсуство на Карлес Пујол и очекува капитенот да настапи на средбата со Мајорка. “Би требало Пујол да започне да тренира во среда и да биде на располагање за дуелот со Мајорка.” “Нормално е што има вакви ситни проблеми со оглед на тоа дека паузираше многу долго.” Powered by: 24 FUDBAL.com.mk
|
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















