Friday, 21 October 2011 17:32 Фудбал

По дебито во Лигата на Шампионите, Ориол Ромеу вели дека за него е сон тоа што игра во тим како Челзи...

Младиот и талентиран Ориол Ромеу беше стартер за Челзи во натпреварот против Генк од Лигата на Шампионите, ова беше деби настап во елитното натпреварување за 20-годишниот фудбалер.
 
Ромеу покажа солидни перформанси и среќен е што е дел од тимот на Андре Вилаш Боаш.
 
"Горд сум што го одиграв мојот прв натпревар во Лигата на Шампионите" - изјави Ромеу.
 
"За мене е сон да играм со овие фудбалери, со овој тим".
 
"Потребно е да продолжам да работам, да продолжам да тренирам добро, и потоа шансата ќе дојде".
 
"Ова е сон за мене. Јас сум млад фудбалер и можам многу да научам играјќи со овие играчи".
 
Ромеу вели дека тој и неговите сонародници Хуан Мата и Фернандо Торес си помагаат меѓусебно со цел полесно да се прилагодат на новата средина.
 
"Подобро е за Торес, за Хуан, за мене што сме тројца фудбалери од Шпанија".
 
"Можете да бидете релаксирани со нив, да зборувате, и мислам дека и комуникацијата на теренот е подобра".
 
"Ние сме пријатели па некогаш одиме заедно на вечера или ручек".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk
Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...