Monday, 17 October 2011 17:44 Фудбал

Најдобриот Фудбалер во Светот за претходните две години е во одлична голгетерска форма и ги тресе противничките мрежи на секои 82 минути...


Аргентинскиот интернационалец на средбата со Расинг постигна два погодока со кои се најде осамен на второто место на вечната листа на стрелци на Барселона и го надмина успехот на клупската легенда Ладислав Кубала.
 
Пред Меси сега е рекордот на Цесар Родригез од 235 погодоци и само прашање на време е кога 24 годишниот напаѓач ќе стане најдобар голгетер во историјата на Барса.
 
Речиси неспорно е дека Меси е најдобриот фудбалер на денешницата а уште еден факт оди во прилог на Аргентинецот – Меси постигнал 103 погодоци на последните 100 натпревари одиграни во дресот на Барселона.
 
Од овие 100 натпревари, 62 се одиграни во Ла Лига, 9 во Копа дел Реј, 4 во Суперкупот на Шпанија, 22 во Лигата на Шампионите, 1 во Европскиот Суперкуп и 2 на Светското Клупско Првенство.
 
А 103те погодоци се поделени во следниот редослед: 66 во првенството на Шпанија, 7 во Купот, 21 во Лигата на Шампионите, 6 во Суперкупот на Шпанија, 1 во Суперкупот на Европа и 2 на Светското Клупско Првенство.
 
Ваквиот податок покажува дека Меси во дресот на Барселона постигнува погодок на секој 82 минути.
 
Покрај одличниот голгетерски скор, Меси на овие 100 натпревари зад своето име забележал и 38 асистенции, уште еден доказ за одличните квалитети со кои располага Аргентинецот.
 
Меси дибитираше на официјален натпревар на Барселона пред седум години откако на 16ти октомри 2004 настапи на средбата со Еспањол.
 
Со 17 години и 114 дена Меси тогаш стана најмладиот фудбалер на Барса што настапил во Ла Лига, рекорд кој подоцна беше срушен од Бојан Кркиќ.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...