Friday, 30 September 2011 15:57 Фудбал

Англија Арсен Венгер е еден од најдобрите менаџери на денешницата и неговото место во Арсенал како шеф на стручниот штаб е загаринтирано се’ додека тој има желба да остане на оваа функција- обелодени сопственикот на клубот, Стен Кренке...


64-годишниот американски милијардер во чија сопственост се наоѓаат мнозинството од акциите на клубот, верува во квалитетите на менаџерот и нема намера да му врачи отказ.

„Молчеливиот Стен“ како што го нарекуваат британските медиуми, конечно проговори околу фудбалската иднина на Французинот за кој многумина сметаат дека неговите денови на клупата на Арсенал се при крај.

„Арсен е еден од моите омилени ликови со кои сум се сретнал во последниве 20 години. Тој е голем човек и го сакам начинот на кој се справува со работите. Тој е еден од најголемите менаџери.“

Запрашан дали постои можност тренерот да се задржи уште долго на оваа функција, тој додаде:

„Тоа е одлука на Венгер и само тој знае уште колку време ќе остане.“

Сепак, во последните 6 години Арсенал нема освоено ниту еден трофеј а згора на тоа летово следуваше и продажбата на Самир Насри и Цеск фабрегас.

„Мислам дека продажбата на Фабрегас беше меѓу него и Венгер. Ми се допаѓаше момчето но немав намера да го предомислувам.“

„До сега, Арсен беше важна алка во развојот на играчи како Џек Вилшер.“

„Постојат играчи за кои Венгер смета дека можат да бидат посебни. Можеби ова е таква фаза која мора да се помине. Арсен е нашиот човек а јас како сопственик ја полагам довербата во него“ – дополни Американецот.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...