Friday, 30 September 2011 15:46 Фудбал

Лига Европа Еден од стрелците на головите за Тотенхем, Џермејн Дефо по средбата изјави дека неговиот тим заслужил да го совлада Шамрок и со тоа да си ја зголеми самодовербата пред дуелот со градскиот ривал, Арсенал...


Трите погодоци во мрежата на Шамрок Роверс, на Тотенхем му беа сосема доволни во вториот меч од Лигата на Европа да дојде до првиот триумф сезонава.

Момците од Северен Лондон на Вајт Харт Лејн ја демонстрираа супериорноста над противникот преку головите на Павличенко, Дефо и на Дос Сантос . Рајс само го ублажи поразот за конечни 3-1.

Џермејн Дефо во изјава дадена по мечот, изјави дека тој и неговите соиграчи заслужено дошле до трите бодови затоа што тие биле подобриот противник на средбата но и дека мечот бил одличен подготвителен тест за претстојната средба со Арсенал.

„Ние бевме подобриот тим вечерва. Тие имаа само една шанса која ја реализираа но моравме да останеме позитивни. Кога Павличенко поентираше, тогаш ја презедовме целата контрола.“

„Ова беше супер игра пред дуелот со Арсенал на кој веќе сум фокусиран.“

Во исто време, Англичанецот потсети дека во натпреварите од Евролигата, едноставно не постојат лесни мечеви.

„За нив, ова беше шанса да ги покажат нивните можности на ова ниво. Во Лига Европа нема лесни натпревари“ – констатираше Дефо.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...