Tuesday, 27 September 2011 09:11 Фудбал

Лига на Шампиони Роберто Манчини е уверен дека Манчестер Сити може да го победи Баерн Минхен на Алијанц Арената...


Вечерва продолжуваат натпреварите во Лигата на Шампионите, еден од најинтересните дуели е Баерн Минхен - Манчестер Сити.

Граѓаните освоија само бод во првото коло на свој терен против Наполи, па сега притисокот да се остварат добри резултати и на гостувањата е поголем.

Баерн Минхен влегува како фаворит во овој натпревар, но Роберто Манчини верува во својот тим и во победа на Алианц Арената.

"Зошто да не?" - одговори Манчини на прашањето дали Сити може да го победи Баерн на негов терен.

"Ние не сме тука да загубиме. Знаеме дека ќе биде тешко но сакаме да победиме доколку е возможно".

"Задоволен сум од прогресот кој го правиме, иако треба уште многу да напредуваме".

"Ова е втор натпревар за нас во Лигата на Шампионите. Сега сме добар тим".

"Но доколку сакаме да бидеме врвен клуб како Баерн Минхен, кој има многу голема историја, треба да работиме многу напорно".

Роберто Манчини е ставен на слатки маки кога е во прашање изборот на напаѓачи, Италијанецот најавува дека Карлос Тевез би можел да го почне натпреварот во Минхен.

"Имам четворица фантастични напаѓачи. Не можам да ги играм во сите натпревари".

"Марио играше против Евертон. Карлос би можел вечерва да добие шанса".

"Утре ќе го одлучам тимот. Сигурен сум дека можам да избирам добро бидејќи ги имам Карлос Тевез, Един Џеко и Серхио Агуеро (Балотели е суспендиран)".

"Најважно е да собереме 10 бода од овие натпревари со кои ќе се пласираме во следната фаза".

"Против Наполи желбата за победа беше голема. Со таков притисок може да направите некои грешки".

"Тука ќе биде поинаку бидејќи знаеме дека ова ќе биде тежок натпревар. Сигурен сум дека ќе одиграме добро".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...