Tuesday, 06 September 2011 03:50 Фудбал

Германија Холандскиот ас потврди дека дефинитивно е подготвен да започне преговори околу продолжување на соработката со баварскиот великан...


Како што претходно потврди и претседателот на Баерн, Ули Хенес, наскоро се очекува Арјен Робен да стави потпис на нов договор со клубот.

Двете страни за задоволни од досегашната соработка поради што Баварците сакаат да ги осигураат услугите на Робен на подолг временски период.

“Мислам дека ќе постигнеме согласност околу новиот договор во периодот кој следува. Тој (Робен) знае дека овде е во добри медицински раце. Ние знаеме дека тој често се повредува но нашиот лекарски тим на чело со Д-р. Ханс Милер-Волфарт е најдобар во светот.“ - гласеше изјавата на Хенес.

Ваквите информации ги потврди и 27-годишниот фудбалер кој се надева дека Баерн ќе му понуди нов и уште побогат договор.

“Сеуште не сум разговарал за продолжување на мојот договор со Баерн но дефинитивно јас сум отворен за преговори. Се чувствувам фантастично во Минхен.“

“Не сум изненаден од тоа дека управата сака да ми го продолжи договорот во период кога сегашниот договор ми истекува за помалку од 2 години. Клубот секогаш на време ги започнува преговорите со играчите. Во фудбалот се’ е можно и ќе видиме што ќе се случи“ - изјави „летачкиот Холаѓанец.“

Актуелниот договор на Робен со Баерн има важност до јуни 2013 година.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...