ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 01 August 2012 18:43
Спорт
Танцот околу шипка ќе биде олимписка дисциплина?!
Ако се е според планот на меѓународната организација која се грижи за овој спорт, International Pole Sports Federation (IPSF), на следните Олимписки игри кои во 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро танцувањето околу шипка ќе се најде во официјалната програма за натпреварување. Танцот околу шипка долго време се поврзува со стриптиз клубовите, но со текот на времето луѓето виделе дека има добар ефект врз нивната форма, а во последните десет години многу учесници на бројни натпреварувања ги одмеруваат силите борејќи се за награда, а не за пари оставени во гаќичките. На 19 и 20 јули во Лондон се одржа светско првенство на кое во женскиот дел победи Украинката Наталија Татаринцева, а во машкиот Русинот Евгениј Грешилов.
Тимоти Траутман, извршен потпретседател на IPSF, изјавил дека воведувањето на танцот околу шипка е начин луѓето да сфатат дека овие танчари се врвни спортисти. ”Тие поседуваат таква елеганција и вештина што едноставно припаѓаат таму. Се бориме против стереотипите дека тоа е занимација само за стриптизери”. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















