Saturday, 05 November 2011 10:59 Спорт

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја доби Златната Копачка на Европа со 40. постигнати погодоци минатата сезона во Ла Лига.


Кристијано Роналдо ја доби престижната награда која се доделува на фудбалерот со најмногу постигнати погодоци во европските лиги, Португалецот постигна 40 голови во Ла Лига минатата сезона. 
 
Златната Копачка на Роналдо му ја врачија легендата на португалскиот фудбал Еузебио и почесниот претседател на Реал Мадрид, Алфредо Ди Стефано.
 
"Стојам тука до двајца фудбалски генијалци и тоа ми причинува огромно задоволство. Јасно е дека сакам да бидам помеѓу големите играчи во фудбалската историја" - вели Кристијано Роналдо.
 
"Млад сум и сеуште учам. Во клуб сум кој ми дава можност да се развивам како фудбалер".
 
"Многу сум среќен. Ова е многу важен момент во мојата кариера бидејќи никогаш не помислував дека ќе дојдам до бројките до кои дојдов со овој тим. Сакам оваа награда да им ја посветам на навивачите и на моите соиграчи".
 
"Но веднаш, без двоумење би ја заменил оваа награда за титула во Лигата на Шампионите или Ла Лига. Сакам да освојам повеќе колективни титули во Реал Мадрид".
 
"Имаме добра серија и уверен сум дека ова ќе биде наша година. Размислувам само на колективно ниво. Не бркам некои индивидуални рекорди".
 
"Мурињо врши одлична работа во Реал Мадрид и се надевам дека долги години ќе остане со нас. Фергусон беше важен во мојата кариера и дел од мојот успех па му благодарам за тоа. Тој е голем човек и одличен менаџер. Еден од најважните луѓе во мојот фудбалски живот".

Powered by:
24 FUDBAL.com.mk
Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...