ВИЦ
- Кои се најбогати луѓе кај нас? ТОП ВИДЕО |
Thursday, 03 November 2011 11:33
Спорт
Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан планира да достави понуда до Јувентус за услугите на Фабио Кваљарела по случувањата со Антонио Касано.
Популарниот ’Фантантонио’ во петок треба да замине на мала операција за да се корегира срцева мaана и сеуште со точност не се знае колку долго ќе паузира напаѓачот. Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани вчера истакна дека Антонио Касано најверојатно ќе биде надвор од стројот од четири до шест месеци но последниот збор го имаат докторите кои ќе треба да дадат зелeно светло за фудбалерот да се врати на терените. По ваквиот развој на настаните, медиумите од Италија почнаа да шпекулираат за трансфер активностите на Росоњерите и се појавија извештаи кои велат дека Милан во јануари ќе достави понуда до Јувентус за услугите на Фабио Кваљарела. 28 годишниот напаѓач, иако подолго време е фит по тешката повреда и паузата од шест месец, не добива шанса од новиот тренер Антонио Конте и оваа сезона има одиграно само 13 минути. Кваљарела е атрактивна цел за Милан со оглед на тоа дека екс-фудбалерот на Наполи може да биде пријавен за настап во Лигата на Шампионите. Останува да се види дали Старата Дама ќе прифати Кваљарела да се пресели во ривал за Скудетото, особено што Јуве се обидува да се ослободи од Амаури, Лука Тони и Винченцо Јакинта. Powered by: 24 FUDBAL.com.mk |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















