Tuesday, 01 November 2011 12:03 Спорт

Тренерот на АПОЕЛ, Иван Јовановиќ вели дека неговиот тим е многу мотивиран во пресрет на дуелот со Порто и додава дека тие воопшто не чувствуваат притисок.


АПОЕЛ на нашиот Иван Тричковски неочекувано е лидер во Групата Г по првите три натпревари од групната фаза во Лигата на Шампионите.

Во пресрет на средбата со Порто во Никозија, тренерот на АПОЕЛ вели дека тие ќе се обидад да победат во дуелот со шампионот на Португалија но стратегот е свесен дека тоа воопшто нема да биде лесно.

На вчерашната прес-конференција, Иван Јовановиќ рече: “Средбата со Порто ќе биде клучна за нас, исто како и сите други натпревари во ова натпреварување.”

“Верувам дека расплетот во оваа група ќе се случи во последното коло и дури тогаш ќе знаеме кои тимови ќе се пласираат во нок-аут фазата.”

“Не чувствуваме никаков притисок во пресрет на овој натпревар, напротив ние сме многу мотивирани.”

“Колку повеќе натпревари играме во ова натпреварување толку поголема станува нашата мотивација, но секако дека не се работи за притисок – барем не врз нашиот тим; не можам да говорам во име на Порто.”

Стратегот потоа додаде: “Двата тима ќе играат за да победат. Порто по традиција игра офанзивен фудбал и сигурен сум дека тие ќе играат во свој стил и на ГСП Стадионот.”

“Знаеме дека ќе треба да одиграме подобро отколку на средбата на Драгао Стадионот, доколку сакаме да обезбедиме позитивен резултат.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...