Tuesday, 18 October 2011 11:29 Спорт

Арсен Венгер вели дека фудбалерите трчаат по пари, не по клубови каде што можат да освојуваат трофеи и открива дека во летниот преоден рок пола тим на Арсенал сакал да си замине.


Венгер вели дека имал исклучително тежок преоден рок обидувајќи се да ги задржи фудбалерите кои сакаат да си заминат.
 
Ситуацијата била неизвесна, но единството во клубот го спасило Арсенал од уште потешки последици.
 
Францускиот стратег вели дека тие сега се опоравуваат од лошиот старт на сезоната и започнуваат полека да се искачуваат на табелата.
 
"Не, не се сложувам со тоа дека фудбалерите заминуваат за да освојуваат титули" - изјави Венгер за француската радио станица RTL.
 
"Проблемот не е тоа. Доколку споредите колку титули има освоено Манчестер Сити во минатото, а колку Арсенал, тогаш не одите во Манчестер Сити за да освојувате титули. Одите таму бидејќи тие плаќаат многу повеќе од Арсенал".
 
"Тие се силни, јасно е тоа, имаат многу финансии и не се изненадување нивните резултати во моментов. Видете го ПСЖ. Имаат повеќе пари од било кој во Франција и се на врвот во лигата".
 
"Секогаш има финансиска логика зад оној кој е успешен во лигата. Доколку Барселона или Реал Мадрид плаќаат три пати помалку од Малага, фудбалерите би оделе во Малага. Тоа секогаш е случај".
 
"Па фудбалер кога ќе избира помеѓу два клуба кои имаат исти амбиции, а во едниот од нив може да заработи тројно повеќе, ќе отиде таму. Тоа е логично".
 
"Имав многу тешко лето бидејќи пола соблекувална сакаше да си оди" - открива Венгер.
 
"Се подготвувате за сезона во која не знаете кој ќе биде во тимот, оние фудбалери што остануваат се прашуваат што се случува во клубот. Тоа беше исклучително тешка ситуација".
 
"Она што не' спаси е тоа што клубот е екстремно цврст и обединет. Другите клубови во ваква ситуација сигурно би се распарчиле".
 
"Она што луѓето го заборавија е тоа дека изгубивме тројца клучни фудбалери, бидејќи исто така го загубивме и Џек Вилшер поради повреда. Тројца кои беа значајни во нашиот среден ред. Насри, Фабрегас и Вилшер беа основата на нашиот среден ред минатата сезона".
 
"Имавме целосна реконструкција во средниот ред бидејќи Вилшер нема да се врати до јануари".
 
"И покрај тоа, разочаравме во досегашниот дел од сезоната, со оглед на тоа што се очекуваше од нас, но мислам дека повторно одиме напред".
 
"Проблемот е што можете само бавно да се качувате на табелата. Не сме многу далеку во поглед на бодовите до четвртата позиција. Многу сме далеку од водечкото дуо".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk
Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...