Monday, 11 July 2011 07:50 Вести

Стефани Мајер, авторката на The Twilight Saga, ќе биде продуцент на филмот Austenland...


Очигледно, Стефани Мајер сака да оди по стапките на нејзината колешка Џ. К. Роулинг, авторката на „Хари Потер“ серијалот.

Авторката на The Twilight Saga има нов проект: ќе биде продуцент на филмот Austenland, филм базиран на истоимената книга на Шенон Хејл, кој треба да излезе следната година.

Откако Роулинг ја превзеде улогата на еден од продуцентите во дводелниот проект снимен според нејзината книга, „Хари Потер и Реликвиите на Смртта“, Мајер не гледа причина зошто и самата да не го стори тоа и во друг филм, затоа што веќе работи како продуцент на филмовите инспирирани од нејзината последна книга.

Austenland се занимава со една жена, Џејн Хејес, која има лош љубовен живот поради нејзината опседнатост со господин Дарси, лик од „Гордост и предрасуди“ на Џејн Остин, па патува во Англија да го посети Austenland, парк инспириран од делата на Џејн Остин, каде што се вљубува во актерот кој го глуми господин Дарси во паркот.

Мајер моментално работи на „вистинска фантастична книга, што дури ќе има мапа на самиот почеток“, а според нејзините зборови, филмот за нејзината прва книга за возрасни, The Host, моментално е во процес на развивање и исто така треба да излезе во 2012.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...