Sunday, 10 July 2011 12:07 Вести

Провајдерите на интернетски услуги ќе праќаат предупредување на корисниците за кои се сомневаат дека илегално симнуваат содржини од интернет, а ако тие продолжат со симнувањето, ќе им ја намалат брзината за пристап до мрежата...


Филмските и музички организации со години водат битки против пиратите и илегалното симнување на заштитена содржина од интернет, а сега добиле поддршка од некои од водечките провајдери на интернерски услуги (ISP) во САД како AT&T, Verizona, Comcasta, Time Warner и други.

Тие потпишале договор усмерен против пиратите кој ќе биде „базиран на едукација, наместо на казнување“ - иако за оние кои ќе продолжуваат да симнуваат заштитени материјали се наменети и казни во видот на успорување на брзината на интернетот.

Процесот на барање и „едуцирање“ на корисниците кои симнуваат авторски заштитен материја е следниот - музичките и филмските организации какви што се Motion Picture Association of America и Recording Industry Association of America ќе ги следат IP адресите на потенцијалните пирати и ќе ги проследуваат со ISP.

Обезбедувачите на интернетски услуги потоа тие корисници ќе ги известат - најчесто преку email, дека нивниот компјутер можеби се користи за илегално симнување на содржини и ќе ги упатат на интернетските страници со информации за заштита на авторските права.

Треба да се напомене дека тие на дискограферите и фимаџиите, освен во случај на судска одлука, нема да ги откриваат имињата на корисниците кои ги осомничиле за пиратство, туку цела комуникација оди на релација ISP - корисник. А ако тие продолжат со наводното пиратерство им следуваат уште три предупредувања во вид на различни начини на известување - email, pop-up пораки и слично.

Ако се продолжи илегалното симнување и по четири предупредувања, ISP на таквите корисници ќе им упатат и петто и шесто предупредување и ќе им ја намалат брзината на пристап до мрежата, ќе ги преусмеруваат на интернет страници со предупредување или ќе превземат некои други мерки кои ги сметаат за нужни (што не вклучува забрана за пристап во мрежата) - се додека тие „не им се јават или не одговорат на едукацискиот материјал за кршење на авторските права“.

Овој систем на предупредување е наречен copyrights alert, а корисниците на него можат да се жалат пред спроведување на конкретните мерки на ISP (намалување на брзината за пристап до мрежата) и можат да барат независна истрага за тужби против нив, иако не е јасно кој би ја спровел таа истрага.

Наведените мерки сигурно нема да го сопрат илегалното симнување на музика и филмови од интернет, но би можеле да имаат некое (мало) влијание на намалување на пиратеријата затоа што некои корисници по неколку предупредувања веројатно ќе припазат што и колку симнуваат од мрежата, додека родителите, кога ќе ги видат предупредувањата, ќе им забранат на децата симнување на таква содржина.

Сепак, да почекаме некое време и првите конкретни резултати од овие мерки, па ќе дознаеме колку е делотворна едукацијата во комбинација со предупредувања и дали ваквиот начин за борба против пиратите ќе го прифатат и некои други земји.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...