Thursday, 16 June 2011 07:12 Вести

Изгледа „Хари Потер“ серијалот сепак нема да заврши толку брзо...


Ова се добри вести за сите обожаватели на „Хари Потер“ сагата: изгледа дека сепак мега-успешниот серијал нема да заврши со премиерата на последниот филм, „Хари Потер и Реликвиите на Смртта: Втор дел“ на 15 јули оваа година.

Имено, на интернет се појави веб-страница наречена како Pottermore на која нема ништо друго освен еден ветувачки слоган: Доаѓа наскоро!

Шпекулациите за веб-страницата вчера го преплавија интернетот (а посебно мрежата за вести твитер) кога најголемата фан-страница на „Хари Потер“, MuggleNet, објави дека е потврдено дека лично авторката на „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг стои зад самата страница.



Но, што е всушност Pottermore?

Искрено, никој не знае со сигурност. Има неколку нагаѓања дека тоа би можело да биде место каде што Роулинг ќе објавува кратки приказни од „Хари Потер“, издавачка куќа отворена од самата Роулинг, официјалната „Хари Потер“ енциклопедија, приказни од времето пред случувањата во „Хари Потер“ или, како што тврди една друга обожавателка, национален празник.

Не е потврдено кога веб-страницата ќе биде лансирана, но се претпоставува дека ќе биде непосредно по премиерата на последниот „Хари Потер“.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...