Monday, 06 June 2011 12:17 Вести

Изгледа дека Роулинг решила да стане австралијанка, откако купила имот вреден 6.5 милиони фунти во Тасманија...


Џ. К. Роулинг, писателката на „Хари Потер“, би можела да се пресели малку подолу откако купила историска куќа во селска Тасманија која заедно со имотот кој ја опкружува вреди вкупно 10 милиони австралиски долари или 6.5 милиони фунти (460 милиони македонски денари).

Известувачи од Австралија тврдат дека милјардерската писателка го купила Symmons Plains, грегоријански имот заедно со фарма од 856 хектари.

Куќата била изградена во 1839 година од Џејмс Јоул со помош на робовска работна сила и била во сопственост на семејството Јоул веќе неколку генерации.

Куќата има седум спални соби, три бањи, дневни соби, соби за состаноци, визби, соба за вежбање и посебно опремено северно крило.

Има полиња со градини преку кои се излегува на блиска рекичка. Имотот уште има базен, тениско игралиште и штали.

Џоан Роулинг живее во Единбург, Шкотска со својот сопруг др. Нил Мареј и трите деца, Џесика, 18 години (од првиот брак), Дејвид, 8 години и Мекензи, 6 години.

За неа се вели дека заработува 1 милион фунти на секои три дена од нејзината Хари Потер империја.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...