Thursday, 02 June 2011 11:43 Вести

Во сојузната американска држава Аризона, отворен е првиот супермаркет за личности кои користат марихуана за медицински цели односно со одобрение од лекар...


Во ноември 2010 гласачи во Аризона одобрија користење марихуана за медицински цели. Овој супермаркет поради својата големина популарно е наречен „марихуанскиот Walmart“, а посебно интересно е тоа што овој дуќан продава исклучиво опрема за одгледување и козумирање на марихуана, но не и самата дрога.

Ова е прв ваков дуќан надвор од Калифорнија, каде медицинската употреба на марихуаната одамна е легализирана. Иако со одлука на гласачите употребата на оваа супстанца за медицински цели е легализирна, државната управа неодамна поднела федерална тужба со која бара повторно оценување на легалноста на донесената одлука. Водството на компанијата WeGrow која е сопственик на оваа продавница порачува дека проценуваат дека повеќе од 100.000 луѓе од Аризона ќе побараат т.н. канабис медицинска картичка. До сега оваа картичка ја имаат добиено повеќе од 4.000 луѓе.

И покрај можните проблеми со државните тужители, компанијата WeGrow најавува понатамошни вложувања во оваа гранка од трговијата со вредност од преку милијарди долари. За да видите како изгледа продавницата, погледнете го видеото.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...