Friday, 08 April 2011 19:42 Вести

Тим истражувачи од Фиренца ќе ги ископаат коските на жената за која се верува дека му била модел на Леонардо да Винчи за неговата најпозната слика. Научниците се надеваат дека реконструкцијата на нејзиното лице најпосле ќе ги заврши долгите полемики дали Лиса Герардини била модел за Мона Лиза или не...


Една од најпознатите слики на светот е позната под името Ла Џоконда, по Франческо дел Џокондо, сопругот на Лиса Герардини, кој од Да Винчи порачал портрет на својата сопруга.

Ископувањето ќе започне кон крајот на април во некогашниот манастир во средината на Фиренца. Иако според податоците од тоа време Герардини во 1542 година била закопана во манастирот Sant'Orsola се верува дека нејзината гробница е преселена во манастирот во кој ќе ископуваат. Лоша вест е тоа што остатоците баш од тој манастир пред 30 години биле срамнети со земјата од булдожери. Но, се претпоставува дека гробниците под земјата сепак се неоштетени.

Тимот ќе го води историчарот Силвано Винчети кој минатата година објави дека ги најдол посмртните останки на италијанскиот сликар Караваџо, кој наводно умрел во 1610 година, а чие тело никогаш не било пронајдено. Тврдењата на Винчети подоцна ги одбија други научници.

Тимот научници ќе користи посебен радар за да ги пронајдат скриените гробници во манастирот. Ако ги откријат остатоците на Лиса Герардини, ќе ја споредат нејзината ДНК со ДНК на нејзините две деца кои се закопани во една друга црква во Фиренца, а потоа ќе и го рекунструираат и лицето. Винчети и неговиот тим веќе реконструирале игледот на лицата на неколку ренесансни уметници врз база на нивниот череп.



Да Винчи почнал да ја слика Мона Лиза во 1503 година, а ја завршил во 1519. Сликата денес е во сопственост на француската влада и се наоѓа во музејот Лувр во Париз, каде што поминала бурен „живот“. Во 1911 година, еден италијанец, вработен во галеријата, ја украл за да ја врати во нејзината татковина. Во Лувр е вратена дури две години подоцна. Во 1956 година, дури во два наврати била мета на вандализам, по што пред сликата е поставено непробојно стакло. Тоа се покажало како мудар потег, затоа што следната година една русинка фрлила шолја со чај кон сликата, изреволтирана со тоа што и е одбиено барањето за добивање на француско државјанство.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...