Saturday, 02 April 2011 12:00 Вести

Истражувањето на германското здружение на лекари покажало на кој начин германските војници во Втората светска војна му одолевале на стравот и уморот. Тајното оружје биле таблетите наречени Первитин - што всушност е метамфетамин, кој денеска се нарекува „кристален мет“...


Иако германската војна пропаганда налагала дека војниците мораат да бидат здрави и да апстинираат од алкохол и тутун, се покажало дека реалноста била сосема поинаква. На војниците кои ја уништувале Полска, Холандија, Белгија и Франција им биле давани таблети кои подоцна предизвикувале големи физички оштетувања и кои предизвикувале зависност. Истражувањето покажало дека до 1945 година, стотици илјади војници конзумирале вкупно околу 200 милиони таблети Первитин.

Позадината на приказната е уште поужасна. Прелиминирните истражувања се извршени на затворениците на концентрационите логори. Најголемото истражување било водено во логорот Захсенхаузен, северно од Берлин, каде што логорашите под дејствно на метамфетамин марширале дури 112 километри без одмор.

„Тоа беше тајното оружје на Хитлер за победа во војната која веќе беше изгубена“, смета Вулф Кемпер, автор на книгата „Нацисти на таблети“. „Блитзкирг во основа бил погон на метамфетамин. Имале идеја за претварање на обичните војници, морнари и пилоти во автоматизирани „роботи“ спремни за надчовечки напори. Притоа потполно бил занемарен фактот дека многу војници станале сериозно зависни од тие супстанци со што се намалувал векот на траење на секој борец“, додал.

Ова не е единствен случај за користење на стимуланси и дроги за цел на подобри перформанси од страна на војниците во борбите.

Според некои наводи, американските војници користеле разни стимуланси за намалување на стравот во бробите во Ирак, а пруските војници уште во 19 век користеле морфиум. Француските војници користеле екстракт на зрна од какао обработено на посебен начин за долготрајните мрашови ширум Африка. Некои војски и денес на своите војнци им даваат ист облик на екстракт помешан во обично чоколадо. Руските војници во Втората светска војна биле познати по користење на водката и жестоките алкохолни пијалоци како средства за одржување на моралот. Современите припадници на британските специјални служби со себе исто така носат Провигил - психостимулант кој помага во одржување на будноста.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...