ТОП ВИДЕО |
Thursday, 11 March 2010 14:58
Вести
Отец Габриеле Амор, главниот екзорсист на Светиот престол, рекол дека Ѓаволот се крие во Ватикан, во срцето на Римокатоличката црква, пишува британскиот таблоид "Дејли Телеграф"... "Ѓаволот се крие во Ватикан, можете да ги видите последиците од тоа", рекол вчера 85-годишниот отец Амор, главен екзорсист на Светиот престол за изминатите 25 години. Влијанието на Сатаната, е на највисоко ниво во хиерархијата на Католичката црква, рекол Амор, кој прецизирал дека има кардинали кои не веруваат во Исус и епископи, кои имаат врски со демоните. Отецот Амор тврди дека неодамнешниот напад против Бенедикт XVI и скандалот поврзан со сексуална злоупотреба на свештеници во САД, Ирска, Германија и други земји, покажува дека антихристот ја започнал војната против Ватикан. "Ѓаволот може да биде скриен или да зборува на различни јазици. Понекогаш си прави шеги на моја сметка, но јас се радувам бидејќи работам во оваа сфера", рекол свештеникот. Иако Егзорцизмот се гледа со некоја недоверба од Католичката Црква, Амор вели дека папата Бенедикт XVI нема такви сомнежи и дека со целото свештенство верува во Егзорцизам. Отец Габриеле Амор е претседател на Здружението на екзорсистите и тврди дека одржал околу 70.000 такви практики за егзорцизам во целата кариера. Во интервју од 2006 година за радио Ватикан, Амор, рече дека ѓаволот постои и може да владее со цели групи на луѓе или дури и цели народи. "Убеден сум дека сите нацисти биле опседнати. Треба само да се замислам што направиле Хитлер и Сталин ", рекол тогаш отец Амор. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|