Wednesday, 27 May 2015 10:05 Вести

Ана Круз (23) е самохрана мајка, која работела на депонија...



Во ѓубрињата пронашла торба полна со чекови, потпишани на сума од 72.000 €.

Инаку Ана го сортирала ѓубрето по десет часа на ден, а еден ден, кога ја забележала црната кеса на депонијата, ја отворила и погледнала куп чекови и ознака од локалната болница во Сао Паоло. Веднаш ја повикала оваа институција, ги вратила парите и станала херој.

Телевизиските екипи веднаш пристигнале да ја снимат, при што нејзината убавина била забележана од еден агент што работи во модна агенција и така ја ангажирал да работи како манекенка.



„Никогаш не размислував за одржување на било кој од овие чекови. На пациентите во болниците им се многу повеќе потребни, отколку мене“, изјавила таа за локалната телевизија.

Ана веднаш добила договор за снимање на телевизиска реклама, па сликата од неа се појавила на сите билборди во градот. Сега рекламира трговски центар. Исто така, почнала да посетува вечерно училиште.



„Моите соништа се остваруваат. Син ми вели дека изгледам убаво и мило ми е што ја гледа мојата слика на улица. Тоа е она што сакам да го правам во животот“, вели младата и убава мајка.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...