Tuesday, 31 March 2015 11:39 Вести

Лара Логан, новинарката од тв мрежата CBS пред 4 години доживеала брутално силување и денес се уште се соочува со последиците од оваа трагедија...



Од својата професија како новинар не се откажува, бидејќи и е на прво место.

„Бахар (снимателот) ме погледна и ми рече дека мора да одиме. Мислев дека ќе загинам, мачењето траеше вечно. Ме силуваа со рацете околу 40 минути, а во силувањето учествуваа од 200 - 300 мажи. Уживаа додека ми нанесуваа болка“, рекла Лара.

Новинарката во февруари 2011 година известувала од Каиро, во близина на плоштадот Тахрир, каде се одвивале протестите против режимот на Хосни Мубарак. Пеколот што го доживеала Лара траел еден час. Четири години подоцна, храбрата Лара минува низ агонија. Пред еден месец е примена во болница поради внатрешно крварење.



„Здравјето на Лара е загрозено. После нападот во Египет, често завршува во болница. За жал, работата за неа е секогаш на прво место, а поради таквиот став тешко дека може да оздрави. Таа мора да оди на одмор и да го реши здравствениот проблем со операција“, рекол колегата на Лара за Њујорк Тајмс.

Сведок за страшните нешта кои ги доживеала Лара е нејзиниот пријател Ед Бутовски, исто така.



„Луѓето немаат поим какви психички трауми имаше после нападот. Но, таа е најхрабрата жена што ја познавам, неверојатно е како се соочи со тоа и како не се откажува од работата што ја обожава“, рекол Ед.

Лара не сака да се откаже, се уште известува од најопасните делови на светот. Така неодамна беше во Ирак и тоа на само 8 километри од припадниците на терористичката организација „ISIS“. За неа вистината е најважна и вредна за голема жртва.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...