Tuesday, 12 August 2014 08:08 Вести

Познатиот американски глумец е најден мртов во својот дом, постои дека е самоубиство со гушење...



Робин Вилијамс (63) е пронајден мртов во понеделник непосредно пред полноќ во својата куќа во Тибурн, Калифорнија. Агентката на Вилијамс изјавила дека тој долго страдал од тешка депресија.

Резултатите од токсиколошката анализа се очекуваат во текот на денот, а во моментов постои сомневање дека умрел од асфиксија, односно запушени дишни патишта, изјавил портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Марин.

Агентката на глумецот, Мара Баксбаум ги замолила медиумите за приватност поради тешките моменти кои ги доживува неговото семејство.

„Го изгубив сопругот и најдобриот пријател, а светот изгуби еден од најомилените глумци. Срцето ми е скршено. Во име на семејството ве молам да ја почитувате нашата приватност додека тагуваме“, изјавила сопругата на Робин, Сузан Шнајдер.

Тој се женел три пати и зад себе оставил три деца, синот од првиот брак со Валери Веларди, и синот и ќерката од вториот брак со Марша Гарсес.

Вилијамс имал проблеми со кокаин во доцните 70-ти и раните 80-ти години, а во август 2006 година се пријавил на лекување, затоа што станал зависен од алкохол.

За време на својата кариера три пати е номиниран за најдобар глумец, а Оскар освоил само еднаш за споредна улога во филмот „Добриот Вил Хантинг“.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...