Wednesday, 29 January 2014 12:33 Вести

После еден месец во вештачка кома по несреќата од скијање, лекарите на клиниката во Гренобл започнале со процесот на будење на шампионот на Формула 1, Михаел Шумахер...



Шумахер реагира позитивно на овој процес и ова се најдобрите вести за неговата состојба уште од 17 јануари, кога беше потврдено дека е во стабилна состојба, пренесуваат француските медиуми.

Лекарите го преземале овој чекор бидејќи притисокот во мозокот е стабилен.

Според многу експерти, четири недели се максимум дозволен период за пациент да биде во кома.

За следните два месеци се предвидува дека Шумахер ќе биде во летаргична состојба. Ќе се работи на обновување на неговите способности за комуницирање, прво со наједноставните команди за отварање и затварање очи, отварање уста, помрднување на рака, и.т.н.



За понатамошното закрепнување на Михаел Шумахер се уште ништо не може да се предвиди.

„Потребни се неколку години за да закрепне човек од такви тешки повреди на главата“, вели професорот и невролог, Жан Лук Тровел.

Шумахер уште од 29 декември е во вештачки предизвикана кома, откако доживеа сериозни повреди на главата кога падна за време на скијање во Франција.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...