Monday, 16 September 2013 15:56 Вести

Стотици деца во Албанија не присуствувале на почетокот на учебната година, затоа што се криеле дома поради крвна одмазда, која потекнува од неколку претходни генерации, соопштила албанската организација за помирување...



Марку Џин од организацијата соопштил дека вкупно 590 деца на возраст помеѓу 3 и 15 години нема да посетуваат настава, поради средновековната традиција, според која "крвта може да се одмазди само со крвопролевање", пишува АФП. Француската агенција објаснува дека според традицијата која датира од 15-ти век, сите машки членови на семејството може да бидат убиени вклучувајќи ги и новороденчињата, само затоа што некој член од нивното семејство убил член на другото семесјтво.

Бруталното правило е широко распространето во сиромашните планински области во северниот дел на Албанија, и во некои села и градови во другите делови на земјата.

„На повеќето од децата што остануваат дома им е оневозможено било каква комуникација и не можат да присуствуваат на настава поради изолација“, рекол Марку.

Албанските образовни власти минатата година започнале проект за домашно образование за сите деца што не посетуваат настава, поради страв дека ќе им наштети некој од дамнишните семејни непријатели.

Новоименуваната министерка за образование, Линдита Николија, изјавила дека владата ќе продолжи да им помага на овие ученици, но и дека нејзината цел е децата да излезат надвор и да можат да посетуваат настава како и сите други во училиштата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...