Friday, 06 September 2013 16:11 Вести

Работната вечера на учесниците на Самитот Г-20, кој се одржа во Санкт Петерсбург, го потврди острото руско противење против намерата на САД да интервенира во Сирија против режимот на Башар ал Асад...

Агенцијата Ројтерс проценува дека рускиот претседател Владимир Путин ја добил првата рунда од натпреварот против американскиот претседател Барак Обама. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјавил дека американскиот воен напад врз Сирија "закова уште еден клинец во ковчегот на меѓународното право".

За острата поделба во однос на интервенцијата во Сирија сведочи и италијанскиот премиер Енрико Лета, а американската претставничка на САД во ОН, Саманта Пауер тврди дека Русија го држи Советот за безбедност во позиција на заложник, постојано блокирајќи ги одлуките за интервенција.

Путин е остар противник на интервенцијата во Сирија која најмногу ја заговараат САД и Франција.

Агенцијата Ројтерс пишува дека Обама и Путин се ракувале и размениле вкочанети насмевки, додавајќи дека Путин сака да гп искористи собирот да зборува со Обама за воената акција, со која САД планира да го казни рускиот сојузник, сирискиот претседател Башар ал Асад поради употреба на хемиско оружје.

Ројтерс оцени дека првата рунда од мечот ја добил Путин, затоа што Кина, Европската унија и папата Фрањо, се поблиску со ставовите до Путин, кој се противи воената интервенција.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...