Thursday, 29 August 2013 16:52 Вести

Руската полиција запленила слика која кај тамошната јавност предизвикала голем скандал...



На сликата се наоѓа претседателот Владимир Путин, кој го чешла премиерот на земјата, Дмитриј Медведев. Контроверзното уметничко дела на Константин Алтунина било изложено во галерија во Санкт Петерсбург, кое го покажува Путин во комбинезон додека го чешла Медведев, кој има големи гради и носи провокативна долна облека, односно градник и гаќички.

Полицијата го запленила врз основа на тоа што овој приказ на рускиот претседател го крши законот. Од друга страна, сопственикот на галеријата Александар Донској изјавил дека полицијата не му дала никакво образложение зошто ја запленила фотографијата од изложбата, која се нарекува "лидери".

„Ова е незаконско запленување. Не ни се дадени никакви документи, врз чија основа се запленуваат сликите или потврда сега се во сопственост на полицијата“, истакнал тој.

Инаку, Санкт Петерсбург, кој следната недела ќе биде домаќин на самитот Г-20, бил еден од првите руски градови кој го забрани ширењето на геј пропаганда. Претседателот Путин во јуни потпишал закон, со кој се овозможува на геј или про-геј странки да можат да се задржат во затвор до 14 дена, а потоа да се исфрлат од земјата. Првите кои врз основа на тој закон биле затворени, биле холандски туристи во средината на јули, но подоцна биле ослободени и не се обвинети.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...