ВИЦ

Оди Трпана во продавница и купува цел комплет скапа козметика за подмладување. После апликацијата, го прашува Трпе:
- Драги, ај кажи сега искрено, колку стара изгледам?
- Па според косата 18 години, лицето 20 години, телото 25.
- Ах, колку си сладок. Стварно ли изгледам толку млада?
- Чекај малку, уште не сум ги собрал, па да ти го кажам ...збирот.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Monday, 08 July 2013 15:59 Вести

Најмалку 51 луѓе беа убиени во понеделникот во Каиро, извести новинската агенција Ројтерс...

Според тврдењата на Муслиманското братство, отворен е оган против поддржувачите на Мохамед Мурси во близина на воен објект, каде наводно е притворен соборениот египетски претседател.

Повеќе од 430 лица се повредени во најновата ескалација на египетската политичка криза која се заканува да прерасне во граѓанска војна, бидејќи Муслиманското братство на Мурси повикува на „бунт“ против воената власт.



Крвопролевањето ја продлабочи уште повеќе политичката криза во Египет и ескалира конфликтот меѓу армијата, која го собори Мурси во средата минатата недела, по масовните протести кои побараа негова оставка, а братството го осуди тој чекор нарекувајќи го воен удар.



Египетската армија најави дека „терористичката група“, се обидела да ја нападне воената зграда каде се наоѓа Мурси, од што еден полицаец е убиен, а 40 војници беа повредени. Војниците возвратиле на огнот откако биле нападнати од вооружени напаѓачи, изјавува воен извор.

Според портпаролот на Муслиманското братство Гехад Ел-Хадад, огнената пресметка избувнала во раните утрински часови, додека исламистите се молеле и одржувале мирен протест пред касарната на Републиканската гарда. „Ги повикуваме сите храбри патриоти Египќани да ни се придружат на протест со цел да ја одбраниме земјата од заговор на предавници, кои извршија воен удар“, напиша тој на Твитер.



Драматичната ситуација од уличните судири меѓу поддржувачите на Мурси и противниците во Каиро, Александрија и други градови низ земјата, ги вознемири египетските сојузници, вклучувајќи ги и клучните донатори за помош, САД, Европа и Израел.

Најмалку 35 лица загинаа во насилство во петокот и саботата во новите немири 2.5 години откако беше соборен Хосни Мубарак од бунтот во 2011 година.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...