Saturday, 08 June 2013 17:21 Вести

Поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела е повторно во болница поради белодробна инфекција...



Како што известува CNN, Нелсон Мандела е во критична состојба. Во болницата во Преторија бил префрлен во саботата, откако неговата здравствена состојба се влошила.

„Утрово, неговата состојба се влоши и префрлен е во болница во Преторија. Ситуацијата се уште е загрижувачка, но стабилна“, велат од канцеларијата на претседателот Џејкоб Зума.

„Претседателот има специјализирана нега и докторите прават се што е потребно за да се чувствува подобро“, продолжува соопштението, надополнето со: „Претседателот Зума, во свое име и во име на Владата и целата нација, му посакува на Мадиба брзо закрепнување и бара од медиумите и јавноста да ја почитуваат неговата приватност и приватноста на семејството.“

Херој на борбата против апартхејдот

Мандела (94) годинава неколку пати беше во болница поради белодробни инфекции и пневмонија. Тој е добитник на Нобеловата награда за мир од 1993 година, херој во борбата против апартхејдот. „Мадиба“, како што најчесто го нарекуваат, се очекува во јули да го прослави својот 95-тти роденден.

Неговите проблеми со неговите белите дробови започнале уште од кога бил политички затвореник за време на апартхејдот. Добил 27-годишна затворска казна, при што заболел од туберкулоза.

 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...