Thursday, 30 May 2013 16:30 Вести

 

Криминалци во Пакистан направиле лажен профил на Фејсбук и се спријателиле со 13-годишно момче, кое го киднапирале и барале откуп за него...



Многу експерти предупредуваат на големите опасности што ги носи запознавањето на Фејсбук и другите социјални мрежи и ги предупредуваат родителите да внимаваат на децата со кого се допишуваат и се дружат на интернет.

Од пакистанската полиција известуваат дека членови на банда отвориле лажен Фејсбук профил, преку кој пред неколку месеци го контактирале момчето и играле со него онлајн игри. Момчето со текот на времето се зближило со лицето што мислело дека е вистинско зад овој профил. Момчето требало да се сретне со „пријателот“ минатата недела, но наместо „својот врсник“ кој сака онлајн игри, го пречекала банда и го киднапирала.

По киднапирањето ги контактирале неговите родители (татко му е на висока функција - царински службеник) и побарале откуп од 500.000 $.

Родителите го пријавиле киднапирањето во полиција, која успеала да ги лоцира киднаперите благодарение на информациите од мобилните телефони. За време на спасувачката операција на момчето, убиени се четворица киднапери.

Мајката на киднапираното момче ги предупредува родителите чии деца ја користат социјалната мрежа Фејсбук, дека ваква ситуација може да им се случи на сите и им порачала да им забранат на децата создавање на нови пријателства на Фејсбук, затоа што никогаш не се знае кој стои зад профилот на непознатата личност.

BBC пренесуваат дека во Пакистан ова е вообичаена тактика на криминалците и милитантните групи, но се напоменува дека се поретки случаите со злоупотреба на социјалните мрежи за вакви намени.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...