Saturday, 18 May 2013 11:46 Вести

Удар, удар ... Уште едно замавнување и сивиот австралиски кенгур го праќа во нокаут својот противник...министерот и пратеник од парламентот Шејн Ратанбери...

Државникот бил срушен на земјата и никако, ама никако не се чувствувал добро. Поради отсуство на судијата кој да одбројува поени кенгурот продолжил да го мава својот "ривал", кој веќе бил срушени и целиот во модринки и гребнатини.

41-годишниот политичар самиот е виновен за она што се случило. Тој имал несреќа да се суди во кенгур за време на своетоутринско трчање. Министерот џогирал во регионот Еинсли, лоциран во самиот центар на главниот град Канбера.

Торбестото животно си пасело мирно во најблиската градина, кога политичарот паднал врз него, бидејќи не го забележал. "И двајцата бевме многу исплашени, а кога кенгурите ќе се исплашат...тие напаѓаат", се сеќава по инцидентот Ратанбери. Реакцијата животното била моментална, тоа ги пуштило во акција сите екстремитети, па не оставило никаква шанса на политичарот да се брани. Кенгур добил со чист нокаут.

Случајни минувачи го забележале политичарот како лежи на земја и повикале брза помош. На крајот тој бил однесен во болница, каде утврдиле дека неговите рани не се толку тешки и по неколку часа бил пуштен. Ратанбери отишол директно во парламентот каде неговите колеги наместо да го прашаат како се чувствува, веднаш почнале да се интересираат за судбината на кенгурот и дали тој е повреден. "Не грижете се. Тој е добро и замина од бојното поле, скокаше со достоинството на победник", им возвратил со сарказам Ратанбери.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...