Thursday, 18 April 2013 14:44 Вести

Нов Зеланд стана 13 држава на светот и прва во азијско-пацифичкиот регион која ги легализираше истополовите бракови.

Пратениците го усвоија законот за геј бракови со 77 гласови ЗА и 44 гласови ПРОТИВ.

Лидерите на повеќето политички партии ги охрабруваа своите пратеници да гласаат според својата свест, а не во склад со партиските ставови.

Луѓето кои набљудувале од галеријата во општинската сала и некои пратеници веднаш по објавувањето на резултатот со песна го прославија усвојувањето на законот. Пред парламентот се собрале и повеќе стотина активисти за заштита на човечките права.

Нов Зеланд од 2005 година ги одобрува граѓанските заедници, кои на геј паровите им даваат многу законски права.

Со новиот закон, кој ќе стапи во сила во август, венчаните хомосексуалци ќе можат да посвојуваат деца.

Истополовите бракови се легализирани во Холандија, Белгија, Шпанија, Канада, Јужна Африка, Норвешка, Шведска, Португалија, Исланд, Аргентина и Данска.

Пратениците на Уругвај го усвоија законот минатата седмица и се очекува дека претседателот ќе го потпише. Девет американски сојузни држави исто така ги признаваат геј браковите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...