Thursday, 18 April 2013 08:14 Вести

Саудиска Арабија депортира тројца мажи поради една единствена причина - биле "премногу убави"...

Мажите биле во составот на делегацијата од Обединетите Арапски Емирати, дојдени за фестивалот на народната култура во Ријад. Претставници на шериатската гарда упаднале во шаторот на ОАЕ по информации дека таму престојува сликарка без акредитација. Заедно со неа биле приведени и тројцата мажи.

Според мислењето на борците тројцата биле "премногу убави" и посетителките на фестивалот можеле да се заљубиле во нив. Сите уапсени подоцна беа депортирани од Саудиска Арабија. Возачот на делегацијата од ОАЕ Саид ал-кабини, пак, се извинил на домаќините за присуството на сликарката.

Делегацијата од ОАЕ е вмешана и во уште еден скандал за време на фестивалот. Претставник на шериатската гарда кои го надгледуваат почитувањето на исламските норми ја сметал за "немуслиманска" танчерската претстава на учесниците од ОАЕ и се обидел да ја прекине.

Саудиската национална гарда, под чие покровителство се одржува фестивалот, сепак го спречила тоа. Како резултат, меѓу борците од двете гарди - секуларната и шериатската - избувнал конфликт.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...