Tuesday, 19 March 2013 16:24 Вести

Руските хакери, кои изминатите денови објавуваа строго доверливи информации од богатите и славните, ја пратија својата последна порака во која велат дека на нивната „забава“ и дошол крајот.

Бијонсе, Џеј Зи, Бритни Спирс, Ким Кардашијан, Мит Ромни, Тајгер Вудс, Доналд Трамп... се само некои од познатите кои се најдоа на мета на хакерите кои на својот сајт објавија социјални броеви, информации од кредитни картички, износи од хипотеки...

Меѓутоа, кога на листата се најде и првата дама на Америка, Мишел Обама, во целата приказна се вклучи и FBI и таман започнаа истрага, хакерите соопштија дека сметките, кредитните картички и „валканата долна облека“ на американските ѕвезди и богаташи веќе не им се интересни.

„Ова е нашата последна порака. Уживавме во секоја минута изминатите 12 дена затоа што донесовме забава и насмевки на вашите лица, за жал време е да кажеме збогум. Се надеваме на инспирација, страв, негирање, среќа, одобрување и неодобрување, срам, љубомора, омраза и, се разбира, љубов“, наведено е во соопштението на хакерите.

Порталот TMZ покрај соопштението наведува дека FBI продолжува со истрагата за да дознаат кој навистина стои зад хакерскиот напад на познатите. Интересно е што хакерите во сите, па и во оваа соопштение користеле реченици од популарната серија „Декстер“.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...