Wednesday, 13 March 2013 09:18 Вести

Отпорноста на организмот на човекот кон дејството на антибиотици претставува глобална закана, споредлива со тероризмот и глобалното затоплување, изјави главната советничка на британската влада за прашањата за здравство...

Според Сали Дејвис проблемот е темпирана бомба. Таа истакна дека повеќето обични лесни операции можат да бидат смртоносни за 20 години, ако пациентите не се во состојба да се борат против инфекциите поради резистенција кон антибиотиците.

Професорот по медицина Сали Дејвис рече дека според неа оваа опасност треба да се додаде на листата на Владата со главните опасности кои и се закануваат на земјата, вклучувајќи ги тероризмот и глобалното затоплување. Таа и препорача на британската влада да го покрене ова прашање на следната средба на министрите за надворешни работи на Г-8, што ќе се одржи следниот месец во Велика Британија.

"Ако не дејствуваме сега, за 20 години секој од нас, кој ќе се најде во болница за мала хируршка интервенција, може да умре од обична инфекција поради резистенција кон антибиотици", истакна таа.

Според неа, владите и главните меѓународни организации, вклучувајќи ги и Светската здравствена организација, треба да го усвојат проблемот сериозно. Владата на Велика Британија наскоро ќе даде пример во овој поглед така што ќе го претстави својот стратешки план за решавање  на овој проблем за следните пет години.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...