Sunday, 10 March 2013 13:33 Вести

На фотосервисот Imgur се појави фотографија на која се бакнува млад пар, младичот наметнат со српското, а девојката со хрватското знаме.

Корисникот кој ја објавил фотографијата ги опишал и околностите под кои настанала.

„Колеџот United World во Мостар собира повеќе од 40 различни националности. Сместен е во град кој се уште е поделен од војната во човечката свест, тој стана симбол на нови генерации балкански народи.

Оваа година се одржува Културна парада за да се обележи 50 годишнината од движењето United World. Сите гордо носевме знамиња на улиците и на босанската и на хрватската страна од градот.

Мојот пријател Србин се држеше за рака со својата девојка Хрватка. Кога една старица ја праша како може да чекори покрај Србин, таа го бакна.

Тогаш ја направив сликата. Тоа не е ништо посебно, само еден пар кој искажува љубов, но за нас овде во Мостар, тоа е доказ дека новите генерации не се подготвени да продолжат со војната во свеста“, напишал авторот на фотографијата.

На загребскиот портал Index.hr се појавија голем број коментари, а дојде и до очекуваната расправа меѓу оние на кои им се допаѓа фотографијата затоа што промовира смирување, и оние кои не поминуваат лесно преку меѓучовечките разлики.

„Сега е готово, ќе остане запишано дека повторно Хрватка заврши со Србин, почнува уште една рунда на поде*авање“, пишува еден коментар.

Во друг пак пишува: „Прекрасна слика. Така треба, доста е омраза!“, а еден посетител напишал: „Ма, ништо од 3 војна, другари... не треба да се повтори тоа зло.“

И на многу други портали и Facebook страници има доста коментари, но добро е што повеќето од нив се позитивни.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...