Saturday, 23 February 2013 17:25 Вести

Судот во Преторија го пуштил атлетичарот, со кауција, да се брани за слобода, но му го ограничил движењето.

Оскар Писториус, кој е обвинет за убиство со предумисла на својата девојка Рива Стенкамп, пуштен е од затвор, со кауција, да се брани за слобода.

Тој со кауција од 85.000 евра по осум дена го напуштил затворот во Преторија и првата ноќ после убиството го поминал во куќата на својот вујко. На таа локација ќе мора да остане и во наредниот период.

Судот одлучил да го пушти од притвор затоа што детално изложил како дошло до убиството на Рива Стенкамп, а судијата Дезмонд Нер соопштил дека кауцијата е прифатена и поради тоа што не постои ни една причина која укажува дека тој би можел да побегне.

Јужноафриканскиот параолимпиец секој работен ден ќе мора да се јавува во полицијата, а забрането му е да и се приближува на својата куќа во која што се случи убиството. Тој мора да ја известува полицијата за секое движење, евентуално напуштање на Преторија, но и да биде достапен на пријавениот телефонски број во секој момент.

Исто така, забрането му е да оди на било кој аеродром.

Судењето на Писториус, кој објаснил дека ја застрелал својата девојка во бањата, мислејќи дека е провалник, ќе продолжи на 4 јуни.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...