Tuesday, 19 February 2013 16:47 Вести

Врховниот суд на Белорусија соопшти дека еден припадник на пограничните сили осуден е на две години затвор поради тоа што несовесно ја извршувал својата должност.

Во соопштението се истакнува дека обвинетитот, чиј идентитет и чин не се наведени, не пријавил незаконско влегување во ваздушниот простор на Белорусија со еден мал авион, од кој се исфрлени повеќе стотина плишени мечиња со падобрани.

Проблемот бил што на мечињата имало порака за неопходноста за почитување на човечките права во Белорусија.

Поради инцидентот, кој се случил на 4 јули минатата година, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, сменил неколку високи воени официри, задолжени за контролата на воздушниот простор.

Двајца вработени во една шведска маркетиншка агенција имале доволно храброст со мал авион да влезат неколку километри во воздушниот простор на Белорусија, за да ги поддржат активистите на здруженијата за човечки права.

Ниту една војна и цивилна надлежна служба тоа не го регистрирала на време, а осудениот се обидел да го прикрие тоа.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...