Wednesday, 13 February 2013 17:06 Вести

Бугарските лекари се борат за животите на шест младичи и девојки кои на една забава во селото Падеш, кај Благоевград конзумирале течност за миење на шофершајбни, мислејќи дека пијат домашна ракија.

Токсикологот во болницата „Пирогов“ во Софија, Мирослава Петкова изјавила дека нивната здравствена состојба е многу тешка и дека животите им се во опасност.

Групата млади испила три литри течност за шофершајбни, која ја мешале со сок од јагоди.

Забавата е одржана во понеделник, 11 февруари, но младите побарале помош дури вчера, откако „обичниот мамурлак“ прераснал во вртоглавица, несвестица и повраќање, а потоа во кома.

Лекарите наведуваат дека за нивните животи клучни ќе бидат наредните 48 часа, бидејќи во значителна мерка им се оштетени функциите на мозокот, бубрезите, црниот дроб и останатите витални органи.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...